Мицевски: Како трет министер за финансии со ветувањата немој да завршите како вашите претходници

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Тевдовски завршил во странство иако ветувал дека ќе ги врати младите, а Ангеловска наместо да ги зголеми човечките ресурси ги обременила граќаните со издатоци за акциза.

353

Не дозволува популистички мерки за поткуп на граѓаните како Викенд без ДДВ и популистички картички  туку како министер за финансии намалете го персоналниот данок за да им остави повеќе пари на граѓаните, побара од министерот за финансии Фатмит Бесими пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната расправа по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Тој, му посака добра работа на министерот  Бесими и да не заврши како трет министер на владата на СДСМ и ДУИ кој почнува со оптимистички ветувања, а завршува со фијаско како што тоа се случи со неговите претходници.






– Драган Тевдовски како прв министер за финансии во оваа влада почна со тоа дека ќе ја врати средната класа и малдите, па на кај заврши со  фијаско на неговата даночна реформа и сега замина во странство наместо да ги врати младите акко што вети. Нина Ангеловска почна со зголемување на човечките ресурси ,а заврши со зголемена акциза за грабање на средства од граѓаниоте и стопирање на даночната реформа. Вие сте искусен човек во финансиите но ветувате многу, а очекувам според ова како оди економијата да завршите слично како и вашите претходници – рече Мицевски.

Мицевскиј забележа на растот на јавниот долг

– Јавнот долг порасна за милијарда евра, а нема план како да го намали во фискалната стратегија. Дефицитот ќе стигне на 920 милиони евра и е најголем во однос на сите  дефиците на државните буџети. Ова е фактички и третото цсенарио кое го предвиде вашата претходничка Ангеловска– рече тој.

Мицесвки забележа и на ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции.

– Владата двои средства за популистички мерки, а не се фокусира на инвестициите – рече тој.

Мицевски даде забелешки на другите предложени решенија со ребалансот на Буџетот за 2020 година.

 

Поврзани содржини