МИЦЕВСКИ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕДНАШ ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО Кој и зошто во ОЈО дозволил неовластена употреба на ПИ мерки?

108

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го повика Обвинителството веднаш да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага во врска со наводите за, како што рече, брутална злоупотреба на механизмите и на безбедносниот систем.

„Во едно демократско општество какво што сакаме да бидеме, следење и прислушкување на опозициски лидер, бизнисмени и новинари е сериозен удар и закана врз слободата и довербата во институциите.






Кога службите што треба да ја гарантираат нашата безбедност биле злоупотребувани за лични и политички цели преку неовластено следење и прислушкување на политички опоненти и неистомисленици, тогаш се губи довербата во целиот систем. Тоа не е само нарушување на приватноста и кршење на законите, туку и опасен преседан што ја подрива демократијата и државата.

Јавноста мора да знае, кој, како и зошто во ОЈО дозволил злоупотреба и неовластена употреба на ПИ мерки? Зошто и за која цел биле прекршени законски пропишаните процедури? Дали токму затоа СДС и ДУИ во Собрание не гласаа за недоверба и смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски?“, напиша Мицевски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини