Мицевски: Ги дадовме предлозите за комисии во Собранието, застој има кај владеачкото мнозинство

314

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена го даде својот дел од предлозите за комисиите и работните тела во Собранието, одговори на новинарско прашање Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кој е проблемот и застојот и каде има проблем владејачкото мнозинство за договор помеѓу нив кој која комисија да ја води и на кој начин да функционираат ќе побарате одговор од нив. Очекувам да биде закажана комисијата за избори и именувања на која што се дава еден заеднички консензуален предлог за сите членови во сите работни тела. Врз основа на бројот на освоени мандати секоја политичка партија предлага и се знае колку точно членови има во секоја комисија. Очекувам дека ќе ги задржиме комисиите кои што ги раководевме во претходниот мандат, а освен комисијата за избори и именувања која што во зависност од бројките кои што беа постигнати на овие избори има мала измена и сега ја раководи СДСМ – рече Мицевски.

 

Поврзани содржини