Мицевски до Заев: Хасани, Нухиу, Димитровски ги предложивте според квалификациите или за да ги наградите?

1,041

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на собраниската седницата за избор на замениците министри  го праша премиерот Зоран Заев дали Башким Хасани, Агим Нухиу , Зоран Маневски и Зоран Димитровски се предложени според квалификациите кои ги имаат или се наградени.

– Според освртот на Заев за предлог- составот на замениците министри би можел да кажам дека е базирана на предизборни лаги и ветувања. Без да навлегувам во персоналниот состав на замениците министрои прашувам дали тие што не се борат за народ туку за пари ги предложивте за функции. Башким Хасани кој е професот по физичка култура ве прашувам која е допирна точка за да биде заменик министер за одбрана, или е награда за бркањето во Финансовата полиција каде претходно беше на функција. Дали Агим Нухиу од заменик министер во внатрешни го има квалитетот за заменик министер за правда, имајќи предвид дека сите меѓународни структри ни забележуваат за непочитување на правото и не рангираат во хибриден режи. За економија го предлагате Зоран Маневски кој доаѓа од министерството за транспорт кое не успеа да реализира капитални инвестиции. Или Зоран Димитроевски кој плукањето по опозиција му беше единствено хоби дали тоа му е награда да биде заменик министер во локална самоуправа – рече Мицевски и соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за вакви кадри.






Премиерот Зоран Заев рече дека секој заслужува да му се даде шанса.

– Мнозинството се нови луѓе, вредно е да поддржиме кога немаме причина да бидеме негативно насочени. Застапени се поголем број етнички заедници, а другите ќе ги зафатат местата на државни секретари. ве повикувам да размислите да гласате за замениците министри – рече Заев.

Претходно на седницата Заев ги предложи Агим Нухиу за заменик во правда, Илхан Рахман за заменик во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмире Исаки за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,  Димитар Ковачевски за заменик-министер во Министерството за финансии,  Зоран Маневски за заменик во Министерството за економија, а Трајан Димковски за заменик во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.  Илир Хасани е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство. Арафат Шабани е предложен за заменик во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин за заменик во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски за заменик во Министерството за локална самоуправа, Седат Сулејмани за заменик во Министерството за култура, Александар Бајдевски за заменик во Министерството за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи за заменик во Министерството за транспорт и врски и Христина Оџаклиеска за заменик во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поврзани содржини