МИА и БТА заедно ќе се борат против лажни вести

247

Зајакнување на соработката преку размена на сервисите, кои ги продуцираат, заедничка борба против лажните вести и придонес за засилување на новинарските стандарди во медиумската сфера договорија вчера новинските агенции на Северна Македонија и Бугарија, МИА и БТА.

Во посета на БТА, вчера беа генералниот директор и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски, заменик-директорот Халит Ајдини и уредничката на генералниот сервис, Ана Цветковска.






Посетата беше реализирана на покана на генералниот директор на БТА, Кирил Влчев, кој неодамна дојде на оваа позиција.

Антоновски и Влчев констатирале дека е потребен нов договор, кој ќе биде согласно новите текови на агенциското работење и во себе ќе го опфати мултимедијалниот пристап, односно размена на видео сервисите на двете агенции.

Новиот договор предвидува размена на информации, односно БТА да ги добива сервисите на МИА на македонски и англиски јазик и МИА да ги добива сервисите на БТА на бугарски и англиски јазик, со исклучок на оние информации, кои засегнуваат трети страни, односно други новински агенции. Договорена е и зајакната соработка на видео сервисите на двете агенции, а БТА беше заинтересирана за воведување на преноси во живо на важни настани преку социјалните медиуми, пракса која МИА ја спроведува одреден временски период.

На средбата, како што информира Влчев во заедничкото гостување со Антоновски во студиото на БТА, била договорена и размена на познати новинари и личности, кои имаат влијание во медиумската сфера, кои ќе гостуваат во МИА и БТА, а оваа идеја би се реализирала по стишувањето на пандемијата со ковид-19.

– Она што го договоривме е да потпишеме нов договор. МИА и БТА имаат договор од 1999 година, кој во почетокот имал конкретни одредби, но потоа се претворил во еден меморандум, согласно кој и всушност разменуваме некакви информации. Она што се договоривме е размена на целосните сервиси на МИА на официјалниот јазик и на англиски, со исклучок на оние информации, кои засегаат трети страни, на пример други Агенции. Исто така ја разгледавме можноста на пример секој ден до 17 часот БТА да изготвува пакет од најважните вести од Бугарија за Република Северна Македонија, кој ќе биде објавен од МИА и при тоа да ја цитира БТА, а ние исто да добиваме таков пакет од МИА и со тоа да си помогнеме да се ориентираме во големиот проток на информации – рече Влчев.

Поврзани содржини