Ми велат дека сум премногу убава за оваа работа: Запознајте ја најубавата возачка на автобус ФОТО

1,402

Џоди Ли Фокс (24) е возачка на автобус во Велика Британија, која благодарение на стереотипната професија стана хит на социјалните мрежи.

Џоди ја започна оваа деловна активност пред три години и вели дека патниците редовно ѝ велат дека е „премногу убава за оваа работа“.






„Луѓето велат дека сум премногу убава за да бидам возачка на автобус, но добивам и убави коментари од други жени кои редовно ги фалат моите нокти, фризура или шминка“, открива таа.

Кога започна да споделува видеа за нејзината работа на социјалната мрежа ТикТок, привлекла голем број следбеници, пишува „Јаху“. Сепак, нејзиниот налог на ТикТок во моментов е деактивиран.

Џоди вели дека нејзиниот изглед ѝ го отежнува дружењето со колегите возачи. Вели дека проблем се и нејзините години, бидејќи нема жена возач на нејзина возраст.

Оваа убавица вели дека планира да вози автобус до својата пензија. И покрај нејзината популарност на социјалните мрежи, Џоди вели дека не планира да ја напушти оваа работа.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини