„МИ СЕ ЗАКАНУВААТ СО СИЛУВАЊЕ И СО УБИСТВО“ Жената која го глумеше Исус на отворањето на Олимпијадата, живее во страв
Контроверзниот перформанс на отворањето на ОИ во Париз, во кој учествуваа членовите на групата „Драг Рејс Франс“, трансродов модел и гол пејач во улога на античкиот грчки бог на виното Дионис, наликуваше на библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како ја делат последната вечера пред распнувањето. Исус го „глумеше“ Барбара Буч, 43-годишна Французинка позната по ЛГБТ активизмот и промоцијата на дебелината.
Барбара Буч, која минатиот петок настапи во делот на церемонијата на отворање на Олимписките игри глумејќи го Исус во карикатурирана уметничката фреска на Леонардо да Винчи – Тајната вечера, пријавила во полиција дека и се заканувале со силување и убиство, јавува Би-Би-Си.
„Од церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, Барбара Буч е цел на радикално насилна кампања на онлајн вознемирување и клевета“ – вели нејзината адвокатка Одри Мелати во официјалното соопштение.
Таа додаде дека на Барбара и се заканувале со смрт, мачење и силување и дека била цел на бројни антисемитски, хомофобични и сексистички навреди.
Disgusting pic.twitter.com/RtiFricweO
— Gunther Eagleman™ (@GuntherEagleman) July 26, 2024
Овој перформанс на отворањето на Олимписките игри во Париз предизвика лавина негативни реакции по кои организаторите на ОИ во Париз им се извинија на католиците и на другите христијани кои беа налутени од кич сцената на свеченото отворање. Настапот, во кој учествуваа членовите на групата „Драг Рејс Франс“, трансродов модел и гол пејач во улога на античкиот грчки бог на виното Дионис, наликуваше на библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како ја делат последната вечера пред распнувањето.
Исус го „глумеше“ Барбара Буч, 43-годишна Французинка позната по ЛГБТ активизмот и промоцијата на дебелината. Таа носеше круна во хало стил направена од кожа, дрво и кристали Сваровски.