📽️ „МИ СЕ ЗАКАНУВААТ АКО ТАЈНО НЕ ГО ПОГРЕБАМ ДЕКА ЌЕ СТОРАТ НЕШТО СО НЕГО“ На мајката на Навални ѝ дозволиле да го види телото

Људмила во видео порака рекла дека инспекторите и дозволиле да го види телото на починатиот син, кое се наоѓа во градската мртовечница.

1,935

Мајката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Људмила Навалнаја, денеска соопшти дека го видела телото на нејзиниот син и остро се спротивставува на притисокот од руските власти да го погреба тајно.

Људмила во видео порака рекла дека инспекторите и дозволиле да го види телото на починатиот син, кое се наоѓа во градската мртовечница.






Таа го повтори своето барање неговото тело да и биде предадено и протестираше поради, како што рече, притисокот од властите кои се обидуваат да ја принудат да се согласи на таен погреб.

– Ме уценуваат, поставуваат услови каде, кога и како да го погребам син ми. Тие сакаат тоа да го направам без јавна церемонија или ми велат дека ќе сторат нешто со телото – додаде Навалнаја.

Поврзани содржини