📽 „МИ РЕЧЕ, ЈАС СУМ ПОЧИНАТО ДЕТЕ“ Талеска објасни за што ќе се борат посвоениците по победата на Мирјана во Стразбур

Хуманитарката Маргарета Талеска говореше за случајот со Мирјана Митревска која го доби спорот против Македонија на Европскиот суд за човекови права.

1,913

На поткастот на Плусинфо гостуваше хуманитарката Маргарета Талеска.

Маргарета е основачка на здружението „Куќа на среќата“, познато по повеќе хуманитарни иницијативи чијашто цел е помагање на разни загрозени социјални групи.






Талеска говореше за случајот со Мирјана Митревска која го доби спорот против Македонија на Европскиот суд за човекови права. Мирјана си ги бараше правата да дознае кои се нејзините биолошки родители, нешто што е спречено со закон во Македонија.

Се отворија и други теми како дискриминацијата кон посвоените деца во Македонија, законите за дознавање на биолошките родители во земјите на Балканот, а и за нелегалните начини на кои посвоениците во Македонија можат да си ги дознаат биолошките родители.

На прашањето зошто решила да се заложи околу случаите со посвоениците кои не можат да си ги дознаат биолошките родители, таа раскажа трогателна приказна.

– Еден случај ме мотивираше. Се состанав со група посвоени. Бевме десетмина, прва средба, „ајде да се видиме“. Секој си ја кажуваше својата приказна. Една од приказните беше на девојката којашто сметаше дека е украдена. Таа мислеше дека била украдена од болница и дека нејзините биолошки родители не знаат дека е жива. Цело време викаше „Јас сум починато дете“. Еден од мотивите ми беше „Дали навистина си починато дете?“, тргнувајќи од фактот дека во времето на Југославија многу деца биле крадени. Приказната зошто мислеше дека е почината е бидејќи имало жена во болница којашто на тој датум плачела и врескала, „детето ѝ починало“. Со таа приказна, детето живеело цел живот. Тоа е другата страна на посвоените, да живееш со тоа дека си крадено дете, дека имаш биолошка мајка која не знае дека си жива… Па не е лесно. Трагавме по нејзиното биолошко семејство кое го најде и со кое е до ден денеска. Тоа најмногу ми беше мотивот, но имаше и други – објасни Маргарета.

Во продолжение, погледнете го целото видео од поткастот.

Поврзани содржини