📽 МИ ГО ПРАВИТЕ ЖИВОТОТ ПЕКОЛ Ѓорѓе Давид јавно се обрати и замоли за разбирање
Ми ја отежнувате ситуацијата, ми го правите животот пекол. Кога ќе ги добијам документите и кога ќе ја поминам границата, ќе бидам првиот што ќе ве контактира, изјави Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе Давид, рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна доживеа страшна сообраќајна несреќа во Македонија во која загина жена, а сега тој се огласи и откри дека неговите документи сѐ уште се во обвинителството.
Музичарот објави видео на Инстаграм во кое ги замоли сите медиуми да не шпекулираат за неговата моментална ситуација бидејќи тоа му ја отежнува ситуацијата.
– Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Имено, не ги добив документите и не ја напуштив Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми го правите животот пекол. Кога ќе ги добијам документите и кога ќе ја поминам границата, ќе бидам првиот што ќе ве контактира – изјави Ѓорѓе Давид.
View this post on Instagram