Ми германско јајце не мож’ да га снесемо!

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

1,579

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 08.07.1998 година)

Пред три де­це­ни­и (Гос­по­ди, кол­ку бр­гу вр­ви вре­ме­то!), ка­ко млад док­то­рант, прес­то­ју­вав ед­на го­ди­на на Мак­с План­ко­ви­от Ин­сти­тут за стран­ско и ме­ѓу­на­род­но каз­не­но пра­во во Фрај­бур­г им Брај­зга­у (СР Гер­ма­ни­ја). И то­гаш бе­ше то­а доб­ра, но ре­ла­тив­но ма­ла инс­ти­ту­ци­ја. Нас, гос­ти­те, нѐ има­ше са­мо пет­ми­на (Ју­гос­ло­вен, Ун­га­рец, Ита­ли­ја­нец, Шпа­не­ц и Ја­по­нец). Од вре­ме на вре­ме Ин­сти­ту­тот ор­га­ни­зи­ра­ше де­ба­ти по од­дел­ни каз­не­но-прав­ни пра­ша­ња на ко­и зе­ма­а учес­тво си­те гос­ти.






Еден ден, на при­мер, раз­го­ва­рав­ме ток­му за Untersuchungshaft или, по наш­ки, ис­тра­жен зат­вор (се­га: при­твор). Мо­е­то из­ла­га­ње не бе­ше дол­го.

Уште жи­во се се­ќа­ва­м на она што го ре­ков. А ре­ков: Слу­шај­те, во на­ши­от За­кон за кри­вич­на­та по­ста­пка (ЗКП) ние, се раз­би­ра, имав­ме за­кон­ска ре­гу­ла­ти­ва и за при­тво­рот. На­ша­та по­зи­ти­вис­тич­ки нас­тро­е­на прав­на на­у­ка ја из­ла­га­ше та­а ре­гу­ла­ти­ва прог­ла­су­вај­ќи ја за ре­чи­си нај­доб­ра на све­тот (што и не е чу­до ко­га се зна­е де­ка жи­ве­ев­ме во нај­до­бри­от од си­те мож­ни по­ре­до­ци!).

Та­ка ќе тра­е­ше не зна­м кол­ку дол­го, да не се слу­че­ше „афе­ра­та Ран­ко­виќ”, при што из­ле­го­а на ви­де­ли­на мно­губ­рој­ни зло­у­пот­ре­би на ЗКП, пред сè, од стра­на на по­ли­ци­ја­та.

И, ка­ко што то­а чес­то би­ду­ва кај нас, на­мес­то да се ме­ни неш­то кај лу­ѓе­то што го при­ме­ну­ва­ат за­ко­нот, ни­е по­и­тав­ме да го из­ме­ни­ме за­ко­нот. Ниш­то по­лес­но и по­ед­нос­тав­но од тоа! Тој се­га гла­си ва­ка: … (и јас го про­чи­тав мо­јот пре­вод на гер­ман­ски на но­ва­та ре­гу­ла­ти­ва на при­тво­рот).

На кра­јот са­мо до­да­дов: “Ва­ка се­га гла­си но­ви­от за­кон! Да се на­де­ва­ме де­ка тој ќе има по­доб­ра суд­би­на од ста­ри­от!”

Утре­ден­та ме срет­на (на­са­мо!) мо­јот ун­гар­ски ко­ле­га и, за ме­не мош­не не­о­че­ку­ва­но, ми упа­ти ос­тра „дру­гар­ска кри­ти­ка” за она што го бев ре­кол на со­би­рот: Гос­по­ди­не Мар­ја­но­виќ, ви­е прос­то ре­че­но ја пцу­евте сво­ја­та зем­ја!”. Јас, нап­ро­тив, не сме­тав де­ка има ниш­то ло­шо во она што го збо­ру­вав, но не­мав на­чин да го убе­да­м мо­јот ун­гар­ски при­ја­тел.

Слу­ча­јот ми по­могна: не­кол­ку де­на по­доц­на дој­де ју­гос­ло­весн­ки­от на­ци­о­на­лен ре­фе­ра­т на те­ма „Untersuchungshaft” (од др Зво­ни­ми­р Ше­па­ро­ви­ќ од Заг­реб) и во не­го, уш­те во прва­та ре­че­ни­ца, бе­ше спо­ме­на­та „афе­ра­та Ран­ко­виќ” ка­ко по­вод за ме­ну­ва­ње на ЗКП. Не ме мр­зе­ше да го по­зај­ма­м за ма­лу тек­стот и да му го по­ка­жа­м на пра­во­вер­ни­от др Кал­ман Ѓер­ѓи. Чо­ве­кот вни­ма­тел­но го про­чи­та тек­стот и око­ко­ру­вај­ќи ги очи­те пром­рмо­ре неш­то за то­а кол­ку ли би­ле чуд­ни ли, кол­ку ли не­раз­бир­ли­ви, на­ши­те ју­гос­ло­вен­ски при­ли­ки.

Де­нес ра­бо­ти­те те­мел­но се сме­ни­ја во Ун­га­ри­ја: мо­јот не­ко­га­шен фрај­буршки при­ја­тел е, не са­мо про­фе­сор по каз­не­но пра­во на Уни­вер­зи­те­тот во Бу­дим­пеш­та, ту­ку и Држа­вен об­ви­ни­тел на зем­ја­та.

Не­о­дам­на ми пи­ша де­ка за не­го­ви­от из­бор гла­са­ле и прва­та (дес­ни­чар­ска) и вто­ра­та (ле­ви­чар­ска) вла­да. Не зна­м са­мо ка­ко сто­и ра­бо­та­та со тре­та­та, не­о­дам­на из­бра­на (пак дес­на!) вла­да на г. Ор­бан.

Та­му ра­бо­ти­те се сме­ни­ја, но не и во Ма­ке­до­ни­ја! Ако се за­не­ма­ри фор­мал­на­та из­ме­на на име­то и сим­бо­ли­те на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, сѐ дру­го е по ста­ро, па и мен­та­ли­те­тот на ста­ри­те до­бри ква­зи-ко­му­нис­ти: при се­кој со­ци­ја­лен проб­ле­м на кој ќе на­ле­та­ме (а Бо­га­ми на­ле­ту­ва­ме мош­не чес­то!) да се ме­ни за­ко­нот или Уста­вот!

По­бегна­ле не­ко­и кри­ми­нал­ци (По­ра­ди за­кон­ска­та ре­гу­ла­ти­ва? Или по­ра­ди то­а што би­ле „лу­ѓе од зас­лу­га” за не­ко­го, да не ре­ча­м за ко­го?), а ние, дај да го из­ме­ни­ме Уста­вот ли, за­ко­нот ли, за да му ги за­мач­ка­ме очи­те на на­ро­дот!

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини