Меѓу многуте познати личности кои гостуваа во најпопуларното шоу „The Ellen Show“, била и пејачката Мараја Кери. Во тоа време, нејзината посета предизвика големо внимание поради потегот што го направила водителката. Имено, со оглед на тоа што таа година се појавија информациите дека Мараја е бремена, Елен одлучила да ѝ понуди чаша шампањско и на тој да ја провери вистинитоста на овие тврдења.
Корисниците на социјалните мрежи се присетија на ова гостување и повторно започнаа масовно да го споделуваат. По тој повод, Мараја Кери истакна дека не сака да се сеќава на тој момент.
– Сè што можам да кажам е дека ми беше крајно непријатно во тој момент. Навистина ми беше тешко да се справам со последиците – рекла Мараја во едно интервју и додала:
– Не бев подготвена да зборувам за тоа, бидејќи го изгубив бебето. Не сакам да додадам сол на раната, но не бев задоволна од таа ситуација – рекла пејачката.
Да потсетиме, пејачката еднаш откри дека нејзиниот сопруг и таа на одмор дознале дека го изгубиле детето.
– Тоа беше шок за двајцата и ова искуство нѐ однесе на многу темно и тешко место. Кога се случи тоа, не можев со никого да раговарам за тоа. Не беше лесно – признала тогаш Мараја.