Мијалков се појави пред Обвинителството: Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам!

3,972

Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи, изјави Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК за телевизијата ТВ 24.

Мијалков, како што јави ТВ 24 дошол во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор.Тој изјави дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини, имал над 40 степени температура.






– Не бев во бегство, бев тука, но поради тоа што чувствував симптоми на корона, се изолирав. Кога разбрав за тоа што се случува, решив да дојдам денеска до Обвинителството за да го видам решението. Навистина ми е жал поради непријатностите, за што сакам да се извинам на јавноста, на министрите, на правосудните инстанци поради оваа ситуација – изјави Мијалков.

Тој повтори дека нема да бега и дека не се чувствува виновен за делото за кое е обвинет во предметот „Таргет-тврдина“.

– Секој кој ме знае, знае дека јас кога ќе дадам збор, нема да го погазам. Јас јавно ветив дека нема да побегнам – изјави Мијалков пред Обвинителството.

Тој беше недостапен за органите за прогонот од неделата откако судот издаде решение за куќен притвор до изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” в петок.

 

Поврзани содржини