МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР Судот ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра

Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

961

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК излегува од притвор, откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106,501 евра, пишува „360 степени“.

Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.






Гаранцијата над 11 милиони евра се состои во недвижен и во подвижен имот, а ексшефот на УБК треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор.

Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет-Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.

Сашо Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор.

По изрекувањето на првостепената пресуда за „Трезор“ на 13 април 2021, притвор му беше определен во овој наместо во предметот „Таргет-Тврдина“.

Поврзани содржини