МФ: Во јули само една аукција на државни хартии од вредност

228
 Министерството за финансии информира дека во насока на водење прудентна политика на јавен долг и поради обезбедена тековна ликвидност, аукцијата на државни хартии од вредност што според Календарот на аукции беше предвидена за денеска нема да се реализира.
 





Согласно тоа, наведуваат во соопштението, од двете редовни аукции на државни хартии од вредност, во месец јули ќе се одржи само една аукција. 
Како што додаваат во  јули се вратени 620 милиони денари, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност.
Поврзани содржини