МЕТЕЖ НА АВТОПАТОТ ВО САН ДИЕГО Луѓето ги грабале парите кои испаднале од блиндираното возило (ВИДЕО)
Од полицијата велат дека не ја знаат точната причина поради која била отворена вратата од возилото во кое се превезувале парите.
Минатиот петок се случи несекојдневна несреќа на меѓуградската обиколница во Сан Диего, Калифорнија. Се отворила вратата од блиндирано возило во движење, во кое се превезувале многу пари, а кои за неколку секунди се разлетале по патот, јавува Би-Би-Си.
Несреќата се случила утрото и околните набљудувачи ги запреле возилата и почнале да собираат банкноти кои ги имало насекаде по патот. Фитнес инфлуенсерката Деми Багби на Инстаграм сподели видео од патот кој бил покриен со банкноти од еден до 20 долари и луѓе кои земаат пари.
– Ова е најлудото нешто што сум го видела – рече Деми во видеото.
Локалните медиуми јавија дека на лице место се уапсени две лица, а ситуацијата ја коментираа и сообраќајната полиција на Калифорнија и ФБИ.
Тие ги охрабрија луѓето да ги вратат собраните пари, а полицаецот Бетанкур од сообраќајната полиција во Калифорнија рече дека оние кои нема да го сторат тоа се соочуваат со кривични пријави.
– Доколку од камионот паѓаа телевизори нема да можевте сами да земете еден и да го однесете дома – изјави Бетенкур за локалната телевизија. Тој додаде дека не ја знаат точната причина поради која била отворена вратата од возилото во кое се превезувале парите.
Полицаецот Кертис Мартин рече дека десетина луѓе досега ги вратиле парите.
– Луѓето ги враќаат парите, успеаја да соберат многу – рече тој, но не прецизираше која е точна сума на пари.
View this post on Instagram