МЕТЕЖ И УТРОВО НА ТАБАНОВЦЕ И НА БОГОРОДИЦА На останатите гранични премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
Утрово има поголем интензитет на сообраќај и на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.