Метеор го осветли небото над Норвешка, експертите го испитуваат (ВИДЕО)
Сведоците контактирале со полицијата кога виделе исклучително силна светлина и слушнале силен шум, објавија норвешките медиуми во неделата.
Голем метеор во саботата вечерта го осветли небото над Норвешка и можеше да се види и од Шведска, објавија локалните медиуми.
Сведоците контактирале со полицијата кога виделе исклучително силна светлина и слушнале силен шум, објавија норвешките медиуми во неделата.
Некои отворија прозорци и врати затоа што почувствуваа промена во притисокот на воздухот. Новинар од норвешкиот весник „Verdens Gang“ (VG) го опиша метеорот како огнена топка во воздухот што го осветлува целото небо.
Светлината можеше да се види по 1 часот по полноќ (по локално време) на југот на Норвешка, но и во Шведска.