МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне
Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се зголеми со слаб до умерен јужен ветер.
Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 во Маврово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 11 во Маврово и 17 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 17 степени.
В четврток нѐ очекува променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 степени до 17 степени.
Според прогнозата на УХМР, сончево со мала до умерена облачност нѐ очекува во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 12 степени до 19 степени.