МЕТАЛЕН ПРОФИЛ УСМРТИ 23-ГОДИШЕН ВЕЛЕШАНЕЦ Несреќа на објект во изградба во Петровец
Младиот велешанец починал на лице место додека извршувал работни задачи на објект во изградба; истрагата е во тек.
Дваесет и тригодишен работник од Велес загина вчера на градилиште во индустриската зона во општина Петровец, откако врз него паднал метален профил.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 19 февруари околу 15 часот во СВР Скопје. Трагичниот настан се случил додека Е.А.(23) извршувал работни задачи на објект во изградба на фабрика.
Од СВР Скопје информираат дека работникот се здобил со тешки повреди од кои починал на самото место.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, соопштија од полицијата.
За случајот бил известен и трудов инспектор, додека увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се утврдуваат сите околности под кои се случила несреќата.