🎥 МЕТАЛ, ЕЛЕКТРОНИКА И МНОГУ „ДЕНС“ Бејби Лазања ќе ја претставува Хрватска на Евровизија

Песната „Рим тим таги дим“ има елементи на метал музика и електронска музика, а иведувачите вешто изведуваат форма на етно танц. Бејби Лазања има изјавено дека песната е инспирирана од масовниот егзодус на млади кои ја напуштаат Хрватска за подобри можности во странските земји - феномен карактеристичен за Балканот и Источна Европа.

1,489

Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“ ќе ја претставува Хрватска на годинешната Евровизија во Малме, Шведска.

Бејби Лазања е победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“. Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, емотивно и со солзи ја посвети победата на семејството.






– Тешко е да му се посвети победа на еден човек, но семејството е секогаш на прво место, па ова го посветувам на семејството – рече Бејби Лазања.

Победата на Марко предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност. Инаку, тој влезе во натпреварот како замена за пејачката За-За. Таа потоа ја поздрави неговата победа.

Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и 247 поени од гласовите на публиката.

Песната „Рим тим таги дим“ има елементи на метал музика и електронска музика, а изведувачите вешто изведуваат форма на етно танц.

Бејби Лазања изјави дека песната е инспирирана од масовниот егзодус на млади кои ја напуштаат Хрватска за подобри можности во странските земји – феномен карактеристичен за Балканот и за Источна Европа.

Поврзани содржини