Мета: Време е Албанците да ја земат судбината во свои раце
Според него заклучоците во извештајот се шокантни и посочува дека овој извештај доаѓа во време кога бизнис здруженијата, стопанските комори, вклучително и американската, постојано искажуваат загриженост за влошената бизнис клима и инвестиции.
Албанскиот претседател, Илир Мета, реагираше по објавувањето на извештајот за инвестициската клима во Албанија, која се оценува како неповолна, поради корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и лошото спроведување на договорите.
Според него заклучоците во извештајот се шокантни и посочува дека овој извештај доаѓа во време кога бизнис здруженијата, стопанските комори, вклучително и американската, постојано искажуваат загриженост за влошената бизнис клима и инвестиции.
Нагласува дека во оваа задушувачка клима за домашните и странските инвеститори, кога ЈПП и тендерите се насочени само на неколку олигарси, во услови на обиди за коруптивна фискална амнестија, како и недостаток на транспарентност во системот за набавки, неопходно е да се врати економијата во нормала во функција на одржливиот развој.
– Потсетувам на моите јавни повици до Специјалното обвинителство за борба против корупција, СПАК да започне истраги за сите постапки и предлози, со цел пред лицето на правдата да се изведат сите автори кои преку законот сакаат да ги исполнат нивните фаворизирани клиентелистички цели – наведува Мета.
Но, посочува, до денес не сум добил никаков одговор, а за жал нема и никаква истрага.
– Злоупотребата на законските процеси и клиентелистичките интереси не можат да го стават во ќор-сокак процесот на интеграција и европската иднина на Албанија. Време е Албанците да ја земат судбата во свои раце – порачува Мета.