Само неколку месеци откако официјално објавија дека се во врска, актерот најпознат по улогата на Чендлер Бинг во серијалот „Пријатели“ и 29-годишната менаџерка одлучија дека врската е завршена.
Актерот Метју Пери ѝ раскинал на неговата девојка Моли Хурвиц со која беше две години во врска, пишува „Ин тач викли“.
– Тие останаа во добри односи, останаа пријатели, но секој одлучи да си замине по својот пат – пренесуваат странските таблоиди.
Тие се запознале во 2018 година, но беа фотографирани заедно кон крајот на 2019 година.
Моли му била голема поддршка на актерот во неговата борба со зависности.
– Моли и Метју поминуваат многу време заедно. Таа има чудна смисла за хумор и веднаш се споија. Таа не е заинтересирана за слава и не ги сака забавите, што е многу добро за Метју – открил извор за британски „Сан“ во тоа време.
Прекинот сè уште не е официјално потврден, а Метју е сам во изолација поради пандемијата на коронавирусот.
FOTO: Instagram