Славниот холивудски актер и ѕвезда на култната серија „Пријатели“, Метју Пери (50), повторно ги шокираше обожавателите со својот изглед и вишок килограми, а овојпат бил фотографиран со спуштени панталони, од кои ѕиркалнеговиот задник.
Актерот неодамна повторно бил фотографиран во катастрофално издание.
Метју излегувал од својот автомобил, а со оглед на тоа што има 25 килограми вишок, панталоните му се спуштиле и му се гледал задникот, кој фановите го окарактеризирале како „голем и стар’“.
Метју Пери кој ја толкуваше улогата на Чендлер Бинг и кој во текот на една деценија ја засмејуваше публиката во популарната серија „Пријатели“, многу се трансформираше во однос на времето кога почна снимањето на серијата во 1994 година.
Актерот денес поради проблемите со дрогата и алкохолот не личи на себе, а исто така тој беше и на лекување поради зависност од таблети и алкохол.
Во едно интервју признал дека не се сеќава на тригодишното снимање на „Пријатели“ поради количината на опијатите што ја користел.