Метју Пери бизарно флертува со 19-годишна девојка: Направи тест за корона и дојди кај мене! ВИДЕО

1,280

Метју Пери е последната позната личнoст за која се дозна дека ја користи апликацијата за рандеву – „Раја“, откако едно 19-годишна девојка изјавила дека го запознала актерот на апликацијата и дека тој ѝ го поставил прашањето: „Дали сум стар колку твојот татко?“.

Пери (51), кој сега е свршен со Моли (29), на видеоснимката објавена вчера, флертува со тиктокерката Кејт Харалсон.






Харалсон, сега 20-годишна девојка, споделила снимка од себе со објаснување: „Кога поради забава ќе се запознаеш со Метју Пери на апликација за забавување, а тој ви поставува 20 прашања“.

Во видеоснимката од 16 секунди, Пери е насмеан додека прашува: „Дали секогаш толку си играш со твојата коса?“, „Дали сум стар колку и твојот татко?“ и слични прашања.

Харалсон, која имала 19 години кога Пери првпат ја контактирал, вчера рекла дека сака да покаже како постарите мажи во Холивуд ги „искористуваат“ помладите жени на апликациите за запознавање.

„Многу луѓе зборуваа дека сум насилник и злобна поради тоа што го објавив ова, и поради тоа се чувствував лошо, но истовремено, чувствувам дека многу момчиња во Холивуд разговараат со сите млади девојки на таков начин и тоа е нешто за што мислам дека луѓето треба да бидат свесни“, рекла Харалсон.

Харалсон тврди дека разговорот којшто се наоѓа на видеоснимката се случил во мај минатата година, кога Пери накратко раскинал со својата сегашна свршеница, со која е во врска од 2018 година.

Харалсон навела дека се „споила“ со Пери поради тоа што мислела дека тоа ќе биде духовито.

Таа навела дека на Пери му одговорила дека една година е постар од нејзиниот татко, и тврди дека тој се насмеал, и рекла дека понекогаш се чувствувала непријатно во текот на нивниот разговор.

„Мислам дека тоа не му пречеше. Ми беше чудно кога разговарам со некој којшто е на иста возраст како мојот татко и едноставно не беше во ред, особено кога тој знаеше колку сум  млада“, рекла девојката.

Таа изјавила дека сепакникогаш не се виделе во живо, иако тој наводно сакал.

„Можеби еден ден можеш да направиш тест за коронавирус и да дојдеш“, наводно ѝ рекол Пери.

Поврзани содржини