Актерот Метју Меконахи (50) за улогата во филмот „Добри дилери од Далас“ од 2013 година доби Оскар за најдобра главна машка улога. Освен што таа улога му донесе успех, за неа мораше да ослабне 20 килограми. неговите обожаватели претпоставуваа дека многу вежбал, бил на строга диета и не пиел алкохол, но не било баш така, што актерот открил во подкастот „The Joe Rogan Experience“.
Меконахи откри дека пиел алкохол колку што сакал за време на неговата диета.
– Откако решив, постапив мудро. Си дадов себеси пет месеци за да ослабнам. Јадев пудинг од тапиока и белка од три јајца за појадок. Имав риба и зеленчук за ручек, како и за вечера, и вино колку што сакав да испијам. Изгубив нешто повеќе од 1,1 килограм неделно без да вежбам – раскажал Меконахи.
На крајот тој тежел 61 кг, но тврди дека не се измачувал за улогата, објаснувајќи колку му било тешко да ја донесе одлуката.
Photo: AKM-GSI