🎥 МЕТ ЛЕБЛАНК СЕ ПОЈАВИ ВО НОВА РЕКЛАМА Ѕвездата од „Пријатели“ се појавува заедно со Џенифер Анистон, Бен Афлек и Џејсон Александар
Во рекламата потпишана од Dunkin' Donuts, тој повторно соработува со Џенифер Анистон, колешка од хит серијата што се емитуваше од 1994 до 2004 година. Покрај нив, во рекламата им се придружија Џејсон Александар од култниот ситком „Seinfeld“ и Бен Афлек, кој ја игра главната улога.
Актерот Мет Лебланк, познат како Џои од „Пријатели“, ретко се појавуваше во јавност во последните години, а повеќе немаме можност да го видиме ниту на малите екрани.
Затоа, неговите обожаватели беа изненадени откако деновиве беше објавен тизер за новата реклама за Супербоул во која глуми Лебланк.
Во рекламата потпишана од Dunkin’ Donuts, тој повторно соработува со Џенифер Анистон, колешка од хит серијата што се емитуваше од 1994 до 2004 година. Покрај нив, во рекламата им се придружија Џејсон Александар од култниот ситком „Seinfeld“ и Бен Афлек, кој ја игра главната улога.
Во рекламата, Лебланк, Анистон и Александар го разгледуваат проектот на Афлек, снимка на која пишува „Network Pilot ’95 v3“, а потоа Афлек бара нивно искрено мислење за пилот епизодата што ја снимил во 1995 година.
View this post on Instagram
Лебланк изгледа прилично елегантно, облечен во кошула и средена коса. Сепак, истиот ден кога е објавен тизерот, актерот бил фотографиран и изненади многумина со својот изглед, кој е сосема поинаков отколку во рекламата.
Фотографиите од актерот кои се направени на бензинска пумпа во Лос Анџелес, ги објави и „The Sun“.
Лебланк носи капа, маица со V-изрез, тренерки и лежерни патики и е многу поинаков отколку во рекламата што се прошири на социјалните мрежи.
Инаку, Лебланк се пензионираше од Холивуд и се посвети на водење салон за автомобили. Тој не се појавил во ниту еден филм или серија од специјалите на HBO за повторно обединување на „Пријатели“.
Претходно изјави дека ќе направи пауза од глумата, а неговата последна актерска улога беше во серијата „Man with a Plan“ помеѓу 2016 и 2020 година.
Сепак, неговиот најголем успех останува неговата улога во серијата „Пријатели“, која доби 62 номинации за Еми. Серијата освои шест Еми награди, а Анистон и Лиза Кудроу освоија поединечни актерски награди за нивните улоги како Рејчел Грин и Фиби Бафеј.