Мет Дејмон: Нашата 21-годишна ќерка има коронавирус, во изолација сме

1,339

Популарниот актер Мет Дејмон откри во текот на гостувањето во радиото „Спин“ дека неговата 21-годишна ќерка Алексија е заразена со коронавирусот.

Во моментов се наоѓа во изолација во Ирска, каде требало да снима филм, но пандемијата ги одложи сите негови деловни обврски сè до понатаму.






– Нашата најстара ќерка оди на факултет, кој е затворен поради вирусот. Сепак, таа неодамна беше во Њујорк и таа и нејзините цимери таму се заразиле – рекол Дејмон.

Алексија е најстарата ќерка која Дејмон ја смета за своја и покрај тоа што не е нејзин биолошки татко.

Дејмон со сопругата и мајката на Алексија, Лусијана Баросо имаат три биолошки ќерки, кои се во карантин со нив.

Заразената ќерка не е со нив, но истакнал дека сите ќе се сретнат кон крајот овој месец.

Поврзани содржини