Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм за коронавирусот

449

Еден од најплатените актери во светот, Мет Дејмон (49), наводно набргу би требало да дојде во Србија, а поводот е снимањето филм, чија тема е заразата со страшниот вирус.

Кога беше прогласена пандемијата на коронавирусот, филмот „Зараза“ на Стивен Спилберг, инаку снимен во 2011 година, доживеа експанзија. Темата на филмот е вирус кој настанал во Кина и убива луѓе ширум светот. Многумина рекоа дека сцените од филмот се идентични со сцените за кои сведочат луѓето во 2020 година.

Како што се зборува,  пандемијата на коронавирусот ја инспирирала филмската екипа да сними продолжение, а добар дел од филмот би требало да се снима на Балканот.

– Продолжението на филмот „Зараза“, најверојатно ќе почне да се снима на крајот од 2020 година, поточно во декември. Со оглед на тоа што последиците од коронавирусот во првите неколку месеци во Европа се многу сериозни, продуцентот и режисерот решија да не го снимаат вториот дел од филмот во Америка, туку во одредени делови на Европа, најмногу во Италија, додека одредени сцени ќе се снимаат во Белград, но и во Црна Гора – вели извор за „Ало“.

 

„Имајќи предвид дека голем број странски филмови се снимаа токму во српската престолнина и дека имаат искуство во работењето со нашите луѓе, тимот што работи на проектот „Зараза 2“, кој е работен наслов, без размислување одлучил одредени сцени да се снимаат баш во Белград. На сетот ќе се појави екипата од првиот дел од филмот, а главен актер ќе биде Мет Дејмон, чиј лик беше имун на вирусот во првиот дел од филмот“, заклучува изворот.

 

Поврзани содржини