📷 „МЕСТОТО НА ПУТИН Е ВО ЗАТВОР, ВО ИСТАТА ЌЕЛИЈА ВО КОЈА ГО УБИ АЛЕКСЕЈ“ Јулија Навална се огласи по одлуката на рускиот суд за нејзино апсење
Московскиот суд одлучи дека Јулија Навална, која вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг, починатиот руским опозициски лидер Алексеј Навални, треба да биде приведена. Одлуката значи дека ќе се соочи со апсење доколку стапне во Русија.
Судот во Москва нареди Јулија Навални, вдовицата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, да биде уапсена во отсуство на два месеци.
Судот ја обвини сопругата на Навални, која живее надвор од Русија, за учество во „екстремистичка“ група. Одлуката значи дека ќе се соочи со апсење доколку се врати во земјата. Обвиненијата би можеле да бидат поврзани со пресудата од јуни 2021 година со која московскиот суд забрани три организации поврзани со Навални, нарекувајќи ги „екстремистички“.
Јулија Навлна (47) се најде во центарот на вниманието по смртта на нејзиниот сопруг во казнената колонија на Арктикот во февруари оваа година и рече дека ќе продолжи да се бори за, како што Навални ја нарече „убавата Русија на иднината“.
Во вторникот, Навална во објава на Твитер им напиша на своите поддржувачи да не се фокусираат на судскиот налог против неа, туку на битката против рускиот претседател Владимир Путин.
„Кога пишувате за ова, ве молиме не заборавајте да го напишете најважното нешто: Владимир Путин е убиец и воен злосторник. Неговото место е во затвор, ама не некаде во Хаг, во удобна ќелија со телевизор, туку во Русија, во истата колонија и истата ќелија од два до три метри во која го уби Алексеј“ – напиша Јулија Навална.
Ой, а что не будет обычной процедуры? Иностранный агент, потом заведение уголовного дела, потом уже арест?! Когда будете писать об этом, не забудьте, пожалуйста, написать главное: Владимир Путин – убийца и военный преступник. Его место в тюрьме, и не где-нибудь в Гааге, в уютной…
— Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) July 9, 2024
Од смртта на нејзиниот сопруг, Јулија се сретна со голем број западни лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден во Сан Франциско.
Непрофитната Фондација за човекови права со седиште во САД ја именуваше Навална за своја претседателка, а таа рече дека ќе ја искористи својата нова улога за да инвестира повеќе во борбата на нејзиниот сопруг против Путин.
„Ќе искористиме се што може да биде корисно во борбата против Путин, за да ја освоиме прекрасната Русија на иднината“, напиша Јулија Навална на Твитер.
Алексеј Навални беше најважниот руски опозициски лидер во изминатата деценија. Тој почина во февруари во затворот на Арктикот. Руските власти соопштија дека тој починал од природна смрт, но неговата вдовица рече дека Навални бил „мачен“ и „изгладнет, а подоцна и убиен“ од рускиот претседател Владимир Путин.
Навални одлежуваше затворска казна од 19 години поради обвиненија за екстремизам, кои се сметаа за политички мотивирани.