МЕСТО ЗА СЕМЕЈСТВА, ШАХ И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ Трговскиот центар во Лисиче ќе добие нов и модерен изглед

Општина Аеродром започна со реконструкција на Трговскиот центар во Лисиче, нови павер-елементи, детско игралиште и маси за шах ќе го разубават и обезбедат просторот за сите генерации.

444

Жителите на Лисиче наскоро ќе уживаат во потполно обновен Трговски центар, кој по подолг период добива модерен и функционален изглед. Општина Аеродром започна со реконструкција на просторот, кој е едно од главните јадра на оваа населба и место каде секојдневно се движат голем број граѓани.

– Овој проект е резултат на посветеноста на Општината да го унапредиме јавниот простор за сите наши граѓани. Со новите павер-елементи, детско игралиште и маси за шах, Трговскиот центар ќе стане место каде семејствата и младите ќе можат да се дружат и да се рекреираат – велат од Општината.






Во рамки на проектот се заменуваат дотраените површини со квалитетни материјали на површина од околу 6.000 квадратни метри, се поставува нова урбана опрема, а просторот ќе биде хортикултурно збогатен со зеленило и декоративни елементи.

Од Општината додаваат дека капиталниот инфраструктурен проект е поддржан од Владата и има вредност од 22,2 милиони денари.

– Продолжуваме со инвестиции кои го подобруваат квалитетот на животот и го разубавуваат Аеродром – велат од Општината.

Новиот изглед на Трговскиот центар ќе обезбеди побезбеден, функционален и пријатен простор за сите генерации, кој ќе ја зајакне заедничката поврзаност на жителите и ќе придонесе за побогат локален живот.

Поврзани содржини