МЕСТО НА ИДНИОТ КОНФЛИКТ НА РУСИЈА И НАТО! Активирана точката на жариштето

Коридорот Сувалки е појас широк околу 65 километри на полско-литванската граница меѓу Белорусија и руската ексклава Калининград и се смета за потенцијална точка на жариште на воениот конфликт меѓу Русија и НАТО, пишува Киев Индипендент.

948

Полска, Литванија и другите сојузници на НАТО  почнаа воена вежба околу коридорот Сувалки во Литванија, која се смета за клучна точка за симулирање на можен директен конфликт меѓу Русија и Северноатлантската алијанса.
Коридорот Сувалки е појас широк околу 65 километри на полско-литванската граница меѓу Белорусија и руската ексклава Калининград и се смета за потенцијална точка на жариште на воениот конфликт меѓу Русија и НАТО, пишува Киев Индипендент.

Оваа вежба заеднички ја планирале полските и литванските вооружени сили во 2022 година, а во неа ќе учествуваат најмалку 1.500 војници со големо количество воена опрема, објави литванската јавна телевизија ЛРТ.
Спецификите на вежбите остануваат главно доверливи, но ЛРТ, повикувајќи се на извори во литванската војска, објави дека главната цел на овие маневри е да се тестира заедничката одбрана во областа на коридорот Сувалки.






Оваа вежба се спроведува паралелно со слични воени маневри кои започнаа во Литванија на 19 април под водство на САД.

Тензиите во областа на коридорот Сувалки се зголемија откако изби руско-украинскиот конфликт.

Оттогаш, силите на НАТО спроведуваат редовни воени вежби и ги подобруваат своите капацитети за колективна одбрана.

Поврзани содржини