МЕСТЕРИОЗНА СМРТ НА УШТЕ ЕДЕН РУСКИ БИЗНИСМЕН Александар Тјунин е пронајден мртов на периферија на Москва

Тјунин,беше генерален директор на компанијата НПК „Химпроминџиниринг“, која е филијала на државниот нуклеарен гигант Росатом.

845

На периферијата на Москва, пронајдено е телото на Александар Тјунин (50), генерален директор на компанијата НПК „Химпроминџиниринг“, која е филијала на државниот нуклеарен гигант Росатом. Тјунинг е 20-тиот висок руски функционер кој починал под мистериозни околности.

Неговото тело е откриено покрај автомобилот, покрај патот, во близина на шумата. Ловечка пушка и рачно напишана белешка се пронајдени во близина.






Во писмото се наведува дека Тјунин решил да го заврши својот живот по петгодишна борба со депресијата, за која наводно напишал дека „се влошува секоја година“, пишува „Јунајтед 24 медиа“.

Руската државна новинска агенција ТАСС побрза да го означи случајот како самоубиство, но смртта на Тјунин се надополнува на растечкиот и загрижувачки список на мистериозни смртни случаи меѓу високи раководители во енергетскиот, нуклеарниот и индустрискиот сектор на Русија откако започна војната против Украина.

Тјунин е на чело на „Химпроминџиниринг“ од април 2016 година. Тој го надгледуваше производството на јаглеродни композити за воздухопловниот, енергетскиот и индустрискиот сектор. Подоцна, компанијата беше споена со „Уматекс“, која работи во рамките на „Росатом“ и е специјализирана за напредни материјали, што беше санкционирано од САД во февруари 2023 година.

Тјунин  е 20-тиот висок руски менаџер кој почина под мистериозни околности од февруари 2022 година. Во регионот Калининград на 8 септември, властите го пронајдоа обезглавеното тело на извршен директор во секторот за рударство и ѓубрива, Алексеј Синицин. Во август, ненадејната смрт на Дмитриј Осипов, претседател на „Уралкали“, и Михаил Кенин, основач на градежниот гигант „Самолет“, исто така, предизвика сомнежи.

Поврзани содржини