🎥 МЕСИ СЕ ВРАТИ СО ТРИУМФ Даде два гола против Филаделфија

125

Еден од најдобите фудбалери на сите времиња Лео Меси се врати по паузата поради повреда која ја заработи од Копа Америка и даде два гола и имаше една асистенција во победата на Интер Мајами над Филаделфија Унион од 3-1.

Мечот започна лошо за Интер Мајами, примија гол уште во втората минута од натпреварот, но потоа на сцена стапи Меси.






Во 26. минута по асистенција од Суарез, Меси погоди за израмнување на 1-1, а само четири минути подоцна аргентинскиот фудбалер реализираше за 2-1 по додавање од Алба.

Конечните 3-1 ги постави Суарез во 98. минута, а овојпат Меси беше во улога на асистент.

Поврзани содржини