Меси се вклучи во борбата против епидемијата, донираше милион евра
Сепак, освен оваа донација, Меси ќе донира пари и во болниците во својата татковина Аргентина.
Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, реши да се вклучи во борбата против коронавирусот и донираше милион евра. Како што пишуваат шпанските медиуми, овие пари се донирани во една болница во Барселона и тие средства се наменети за набавка на дополнителна медицинска опрема, како и неопходни препарати и материјали за заштита од епидемијата.
„Лео Меси донираше пари и се вклучи во борбата против Ковид-19. Ви благодариме многу Лео, за вашата посветеност и за вашата поддршка“, објавија на Твитер од болницата во Барселона.
Сепак, освен оваа донација, Меси ќе донира пари и во болниците во својата татковина Аргентина.