Меси се налути на дебито на Куман: „Престани да ме удираш, идиоту“
Натпреварот беше рутински во корист на Барселона, но имаше една интересна ситуација која подоцна ја потврди и Хавиер Рибелјес, фудбалерот на Химнастик.
Барселона предводена од новиот тренер Роналд Куман забележа победа на првиот подготвителен натпревар пред почетокот на сезоната, откако каталонскиот гигант со 3:1 славеше во дуелот со Химнастик.
Куман им даде по едно полувреме на сите играчи, а една од најважните вести беше тоа што во првиот состав се најде Лионел Меси, кој дефинитивно останува да ја носи капитенската лента и следната сезона.
Натпреварот беше рутински во корист на Барселона, но имаше една интересна ситуација која подоцна ја потврди и Хавиер Рибелјес, фудбалерот на Химнастик.
Во интервју за „Чирингито“, играчот за врска на Химнастик открива дека добил навистина сочна порака од Меси.
– Цело време го имав на поглед и гледав каде се движи на теренот. Бев негова сенка и во еден момент тој се налути по еден мој старт. Престани да ме удираш идиоту, беа неговите зборови – открива Рибелјес, посочувајќи дека немал храброст да му го побара дресот на Аргентинецот откако претходно го налутил.