МЕСИ РАЗМИСЛУВА ЗА ПЕНЗИЈА? Аргентинецот не верува дека ќе игра уште долго време
Меси е шампион на Франција и 10-кратен шампион на Шпанија, четири пати ја освои Лигата на шампионите. Тој е седумкратен освојувач на Златната топка и шесткратен добитник на Златната копачка. з
Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси проговори за можен крај на својата играчка кариера.
– Ја сакам оваа игра, имам големо задоволство од неа. Единственото нешто што го правам цел живот е да играм фудбал. Мислам дека по крајот на кариерата мојот живот ќе биде поврзан со овој спорт. Кога ќе заминам? Сè уште не знам, но веројатно нема да играм долго време – изјави 35-годишниот фудбалер за „Мундо Депортиво”.
Актуелниот договор на Аргентинецот со ПСЖ е до летото 2023 година.
Меси е шампион на Франција и 10-кратен шампион на Шпанија, четири пати ја освои Лигата на шампионите. Тој е седумкратен освојувач на Златната топка и шесткратен добитник на Златната копачка. з