Меси почнал да учи француски

291

И понатаме е непознато каде Лајонел Меси ќе игра од следното лето, а шпекулациите се сѐ погласни дека негов нов клуб ќе биде Пари Сен Жермен.

Ѕвездата на Барселона е тема во градот на светлоста, дури и во соблекувалните на „светците“ што неодамна го потврди и Леонардо Паредес.






Сѐ дополнително замрски Жефри Гаретије, новинар на најпознатата спортска телевизија во Франција „Канал+“.

Тој изјавил дека целото семејство Меси веќе наголемо учи француски јазик.

– Зошто учи француски, ако би потпишал за Манчестер сити? Нема смисла. Оваа информација која можам да ја потврдам е од многу доверлив извор – рекол Гаретије.

Изјавата повторно ги разбранува духовите, и ќе видиме дали Меси веќе одлучил да прејде во ПСЖ.

Поврзани содржини