МЕСИЌ КАКО ТРАМП Последниот претседател на Југославија доживеа два атентати во иста година!
Првиот атентат врз Стипе Месиќ се случил за време на патувањето од Белград до Загреб кога било пукано од автомобил. Вториот атентат се случил во кабинетот на Фрањо Туѓман во Бански двор кога експлодирала бомба при средба на Месиќ, Туѓман и Анте Марковиќ.
Стипе Месиќ (89), поранешен хрватски и југословенски претседател, дури двапати преживеа атентат. И двата обиди се случија во 1991 година, во периодот кога Месиќ ја извршуваше функцијата претседател на Претседателството на СФРЈ.
Во втората половина на 1991 година, Месиќ често патувал во Белград, дури и кога војната во Хрватска веќе била започната, пишува хрватскиот портал 24сата.
– Во ниту еден момент во Белград не се чувствував загрозен. Се разбира, имав сопствено осигурување, но излегов, запознав луѓе на улица, во кафеани. Немам никакви непријатни искуства од тоа време. За волја на вистината, имаше обид за атентат врз мене за време на патувањето од Белград до Загреб. Бев предупреден и наместо со автомобил патував со авион, имаше отворен оган од автомобилот, но според сè што знам, српската страна не стоеше зад пукањето – раскажа последниот претседател на Југославија.
Вториот атентат врз Месиќ е всушност ракетниот напад врз Бански двор во октомври истата 1991 година, кој се случи на состанок на кој присуствуваа најзначајните луѓе од тогашниот политички живот на Хрватска – претседателот Фрањо Туѓман, претседател на Претседателството на СФРЈ, Стипе Месиќ и тогашниот претседател на СИВ, односно премиерот на поранешната држава, Анте Марковиќ.
На таа средба биле донесени судбоносни заклучоци за хрватската историја, но кога присутните влегле во кабинетот на Туѓман се слушнала страшна експлозија.