🎥 МЕСИ ГО ПОСВЕДОЧИ ТРИУМФОТ НА НОЛЕ Ѓоковиќ е на чекор до 100. трофеј во фантастичната кариера

Новак Ѓоковиќ е на само чекор до јубилејниот 100. трофеј во фантастичната кариера откако се пласираше во финалето од мастерс-турнирот во Мајами.

1,225

Најдобриот фудбалер на светот Лео Меси не пропушти во неговиот град да го гледа најуспешниот тенисер на сите времиња. Лео и Антоанета беа на трибините во Мајами и го следеа мечот на Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров.

Новак Ѓоковиќ е на само чекор до  јубилејниот 100. трофеј во фантастичната кариера откако се пласираше во финалето од мастерс-турнирот во Мајами.






Новак Ѓоковиќ лесно излезе на крај со својот пријател Григор Димитров во најстарото полуфинале во историјата на Мастерсот во Мајами. 6/2 6/3 за финале.

Ѓоковиќ (37) и Димитров (33) имаат 70 години заедно, а наскоро ќе додадат уште една свеќа на својата роденденска торта. Меѓу другото, Димитров е најуспешниот бугарски тенисер во историјата, со највисок пласман од 3-то место на АТП-листата во 2017 година.

Ривал на Новак Ѓоковиќ во големото финале ќе му биде победникот од второто полуфинале во кое третиот носител Тејлор Фриц ќе се сретне со Чехот Јакуб Менсик.

 

Поврзани содржини