🎥 МЕСИ ГО ОДИГРА ПОСЛЕДНИОТ АРГЕНТИНСКИ ТАНЦ Фудбалскиот магионичар не можеше да ги скроти солзите
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го одигра последниот натпревар за „гаучосите“ пред домашна публика и, како и многупати досега, блескаше на теренот.
Лионел Меси имаше емотивно збогување со аргентинската публика во националниот дрес, заокружувајќи ја својата приказна пред домашните навивачи со триумф.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го одигра последниот натпревар за „гаучосите“ пред домашна публика и, како и многупати досега, блескаше на теренот.
На преполниот „Монументал“ стадион во Буенос Аирес, Аргентина без поголеми проблеми ја совлада Венецуела со 3:0.
Меси, предводникот и идолот на генерации, постигна два гола, а моментот кога заплака додека се интонираше химната остави силен впечаток кај сите присутни. Публиката возврати со бурни аплаузи и скандирања, свесна дека гледа историски миг.