МЕШАЊЕТО НА ЗАЕВ ВО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Петровска очекува поддршка од членството, не од поранешните претседатели

Петровска рече и дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.

994

Мешањето на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во изборите во партијата ќе доведе до нови поделби, смета кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска.

– Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството – рече Петровска во интервју за Канал 5 телевизија.






Петровска рече и дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.

 

Поврзани содржини