🎥 МЕСЕШЕ ЛЕБ ВО ЧИНИЈАТА НА НЕЈЗИНАТА ПОКОЈНА БАБА Констракта се пласираше во финалето на српскиот Евросонг
Пејачката седеше на истото столче на кое седеше во 2022 година кога ја претставуваше Србија на Евровизија со песната „Ин корпоре сано“ и месеше леб во чинијата на нејзината покојна баба. Инаку, нејзината баба е од Глибовац и доживеала 103 години.
Пејачката Ана Ѓуриќ – Констракта настапи во втората полуфинална вечер на српскиот Евросонг со песната „Ново, боље“ и се пласираше во финалето, а ја воодушеви публиката бидејќи во долг бел фустан во дел од настапот на сцената месеше леб.
Пејачката седеше на истото столче на кое седеше во 2022 година кога ја претставуваше Србија на Евровизија со песната „Ин корпоре сано“ и месеше леб во чинијата на нејзината покојна баба. Инаку, нејзината баба била од Глибовац и доживеала 103 години.
Сите чекаа да нарасне тестото
„Но, делот каде што сите чекаат да нарасне тестото, но никогаш не се случува тоа, е легендарен! Ги претставува општеството, животот и политиката. ‘Сега ќе бидеме подобри, поубави, посилни, а потоа тоа не се случува никогаш’“, гласи еден коментар.
„Чекаме нешто ново и подобро, но во суштина никогаш не го добиваме. Тоа е идејата на настапот. Брилијантно!“, гласи друг коментар.
„Направи пародија на очекувањата на луѓето и на првата песна… Кралица“ и „Единствена која заслужува повторно да оди на Евровизија“, е дел од коментарите.