МЕРКО НЕЗАКОНСКИ ИМЕНУВА ДИРЕКТОРИ, МИНИСТЕРОТ ШАЌИРИ ГО ШТИТИ! Левица обвинува за „дивеење“ на кадрите на ДУИ и за молк на СДСМ

„Токму Шаќири незаконски станал доцент на Универзитетот на Мерко, па очекувано е дека овој министер не може да спроведе никакви реформи во образованието“ – потсетува партијата.

433

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко незаконски поставил директори на основните училишта во селата Велешта, Подгорци, Радолишта, Вевчани и Лабуништа. Исто така, спорно е и поставувањето на директорката во струшкото основно училиште „Браќа Миладиновци “. Иако истата немала лиценца за директор од гимназијата „Ибрахим Темо”, каде предавала албански јазик, веќе една година таа е поставена за директор во ова основно училиште – тврди партијата Левица.

„Очигледно е дека за вечниот функционер на ДУИ Рамиз Мерко не важат никакви закони и правила. Мерко, за кој со години се провлекуваат скандали и нема никаква






одговорност, продолжува со неговото незаконско владеење, овој пат при поставувањето на директори“ – пишува Левица во соопштение.

Според Левица, молкот за ваквите скандалозни одлуки од страна на министерот за образование Јетон Шаќири е очекуван, со оглед на фактот дека токму Шаќири е студент на контроверзниот струшки Универзитет, кој е во сопственост на Рамиз Мерко.

„Токму Шаќири незаконски станал доцент на Универзитетот на Мерко, па очекувано е дека овој министер не може да спроведе никакви реформи во образованието. Односно, дипломата на Шаќири е признаена во 2017 година, кога веќе тој бил именуван за доцент на струшкиот универзитет – што значи дека тој бил именуван за доцент без признаени докторски студии.

Молкот и на Социјалдемократскиот сојуз за ваквото дивеење на нивниот коалициски партнер ДУИ само потврдува дека СДС е малцински партнер во криминалната Влада, предводена од ДУИ“ – пишува Левица.

Поврзани содржини