МЕРКО НЕ СЕ ПРОТИВИ НА ИСТРАГА ПРОТИВ НЕГО Ахмети вели, почнете од мене!
Да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега, побара партискиот лидер.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска гласаше на внатрепартиските избори во Кичево и во изјава за ТВ21 првпат проговори за случајот со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко каде тој и неговото семејство беа прогласени за „персона нон грата“ од страна на САД.
Ахмети рече дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто. Ахмети апелираше да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ, односно за сите функционери, почнувајќи токму од него.
– Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега. Не можеме да бидеме обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата – изјави Ахмети за ТВ21.