Речиси 80.000 евра или 5 милиони денари за репрезентации, односно за подароци, ручеци и вечери по ресторани, за градоначалникот Рамиз Мерко, за општинскиот совет и за локалната администрација, се предвидени со годинешниов буџет на општина Струга, открива Алсат-М.
Од тие пари, речиси 48.000 евра му се на располагање исклучиво на Мерко. Во време кога владата ги повика сите јавни функционери вклучително и градоначалниците да ги намалат непродуктивните трошоци поради економската криза, Мерко повторно се расфрла со парите на граѓаните, реагира локалната опозиција.
За четири години, Мерко за репрезентација потрошил речиси 140.000 евра.