МЕРКИТЕ ГИ ПОДЕЛИЈА ГРАЃАНИТЕ Мицкоски е за стимулација, наместо репресија

Можеше и еден ПЦР тест да заврши работа, за да не бидат празни моловите, рестораните и останатото. А, со тоа би се заштитиле и работните места и бизнисот, нема да трпи економијата, наместо вакви мерки кои ги делат граѓаните, вели Мицкоски.

569

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека мерките за заштита од ковид ги поделија граѓаните и дека власта ја заменува својата неспособност со делби.

-Граѓаните во соседството се стимулираат да се зголеми бројот на тие кои што се имунизирани. Тоа го има во соседна Грција, Бугарија. Така што власта не треба подалеку да оди, туку нека погледнат во регионот како тоа околните влади го решаваат – рече Мицкоски.






Тој додаде дека има случаи како него што го прележале вирусот, дури и имаше изјава, рече Мицкоски, од епидемиологот Пановски кој што вели дека лицата кои што имаат прележано 6 до 7 пати, се порезистентни на новите соеви или на ковид-19 од оние кои што се вакцинираат.

– Можеше и еден ПЦР тест да заврши работа, за да не бидат празни моловите, рестораните и останатото. А, со тоа би се заштитиле и работните места и бизнисот, нема да трпи економијата, наместо вакви мерки кои ги делат граѓаните и практично се мерки кои што имаат свој еквивалент во средината на 20-тиот век, во едно друго време кога светот имаше една друга би рекол фашистичко нацистичка опасност – рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште во март, април месец кога апелираше за зголемена имунизација по пат на вакцина, наместо власта да трча по провизии, власта требаше да трча по светот по вакцини, да има доволен број на вакцини за да може луѓето да се имунизираат, вклучително и тие кои работат во образованието.

Тој посочи дека партијата го поддржува секое право на граѓаните  кои сакаат да изберат како ќе живеат, и тоа е уставно загарантирано, а истовремено ги охрабрува граѓаните да се имунизираат по пат на вакцина, но не на ваков начин како што го прави владата по пат на репресивни мерки туку преку стимулативни мерки.

Поврзани содржини