Меркел: Условот за исплати од буџетот на ЕУ за земјите-членки не е таен

Сакам целосно да разјаснам дека не е точно дека идејата за условување на буџетот е донесена на мала врата - рече германската канцеларка.

607

Не се точни сугестиите дека барањето за почитување на владеењето на правото беше тајно воведено во предлозите за следниот буџет на Европската унија поради забелешките на некои лидери, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Одговарајќи му на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој минатата недела го обвини Европскиот парламент за додавање на одредбата дека плаќањата во ЕУ може да бидат замрзнати доколку земјите не ги исполнат минималните стандарди за владеење на правото, Меркел рече дека тоа била намерата уште од самиот почеток.






– Сакам целосно да разјаснам дека не е точно дека идејата за условување на буџетот е донесена на мала врата, рече германската канцеларка.

Поврзани содржини