Меркел: Сè уште е неопходно да се градат мостови меѓу членките на ЕУ

Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се состанат во петок и сабота за да се обидат да постигнат компромисно решение за пакетот помош во висина од 500 милијарди евра.

346

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сè уште е неопходно да се изградат мостови меѓу членките на ЕУ со цел да се донесе пакет помош за земјите што се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека состанокот на оваа тема следниот викенд може да не резултира во договор и дека ќе биде потребен уште еден.

Таа на прес-конференцијата истакна дека економската криза предизвикана од пандемијата бара „голем одговор“, додавајќи дека начинот на кој Европската унија ќе реагира на тоа исто така има и „политичка димензија“.






Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се состанат во петок и сабота за да се обидат да постигнат компромисно решение за пакетот помош во висина од 500 милијарди евра, што беше предложен од Германија и Франција, а таа дискусија ќе се одржи во рамките на разгледувањето на долгорочниот буџет на Унијата.

На германско-францускиот план му се спротивставуваат неколку земји, затоа што за прв пат се предвидува дека Европската унија ќе позајми на меѓународниот финансиски пазар и дека сите членки ќе ги вратат парите, без оглед на тоа што повеќето земји би добиле најголем дел од средствата.

Меркел ја даде изјавата по средбата со италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој истакна дека е неопходна брза акција на Европската унија и предупреди дека какво било дополнително двоумење ќе го забави закрепнувањето на европската економија.

Поврзани содржини