Меркел: Се бориме за почеток на преговори со С Македонија
Прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете, оцени германската канцеларка, објави Дојче веле.
Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент.
– Се соочуваме со тешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија. Албанија направи голем напредок, но прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете – оцени германската канцеларка, објави Дојче веле.
Одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека С. Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.